Ирак не дозволува странска војска во борбата против џихадистите

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска одново изрази противење на испраќањето странска копнена војска во земјата за борба против џихадистите од „Исламска држава“ (ИД), објави МИА.

На средба со австралискиот министер за одбрана Дејвид Џонстон во Багдад, Абади потврди дека „отфрла каква било странска копнена интервенција во Ирак“, се вели во изјава на неговиот кабинет.

САД и Франција нанесуваат воздушни напади врз позиции на ИД во Ирак, а можно е Американците да ја префрлат таа кампања и во соседна Сирија, каде радикалната група исто така презела некои реони.

Белата куќа повеќепати уверуваше дека нема да испраќа копнени сили за борба против ИД во Ирак, од каде ја повлече војската на крајот на 2011 година, по осум години присуство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.