Ирак предупредува на „регионална војна“ доколку Турција не ја повлече војската

Абади реагираше на одлуката на турскиот парламент од минатата недела, да продолжи мандат кој дозволува турски воени операции против терористички групи во Ирак и Сирија за уште една година.

– Уште еднаш побаравме од турската страна да не се меша во ирачките внатрешни прашања и стравуваме дека турската авантура може да се претвори во регионална војна, изјави Абади.

Според него, однесувањето на Турција не е прифатливо, и „не сакаме да бидеме вовлечени во воен судир со Турција“.

Ирачкиот парламент синоќа гласаше за текст со кој се осудува одлуката на турскиот парламент.

Турција во крајот на минатата година испрати трупи во северен Ирак во рамки на меѓународна мисија за обука на ирачки сили за борба против ИД. Ирачката Влада тврди дека никогаш не повикала такви сили и ги смета турските сили за окупаторски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.