Свет

Ирак: Украден радиоактивен материјал

Ирак: Украден радиоактивен материјал

Бунтовници украле 40 килограми ураниумски соединенија од три лабаротирии во Мосул. Ирачките власти за настанот го информирале и Генералниот секрета на ОН Бан Ки-мун.

Во писмо на ирачкиот претставник во ОН Мохамед Али ал Хеким се наведува дека опасните материјали може да бидат искорисетни за изработка на оружје за масово уништување и изнесени надвор од земјата.

„Република Ирак ја информира меѓународната заедница за оваа опасна несреќа и моли за помош и поддршка за спречување на употреба на нуклеарните материјали од терористи во Ирак и странство“, се наведува во писмото до Бан Ки-мун.