Криза во Ирак: ИСИЛ објави видео – егзекуции, насилство

Ирачките безбедносни власти соопштија дека вчера, во текот на судирите со исламските сктремисти западно од Багдад, оборен е воен хеликоптер и дека двајца членови на посадата загинати, пренесоа повеќе медиуми.

Неименувани официјални лица дека хеликоптерот соборен во близина на Фалуџа во ирачката провинција Анбар.

Фалуџа како што потсетува АП, е под контрола на сунитските екстремисти од јануари.

Откако започнаа со офанзива во понеделникот,сунитските бунтовници, припадници на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ), завземале една цела провинција и делови на уште три, вклучувајќи го и вториот најзначаен град во земјата, Мосул.

Еден ден претходно беше завземен и градот Тел Афар на северозападот на земјата.

iraq-MMAP-md

Припадниците на организацијата на ИСИЛ се познати како немилосрдни.

За новонастаната криза , за прв пат се разговараше меѓу претеставниците на Сад и владата во Техеран. И едната и другата страна сигнализирале спремност за соработка во борбата против терористите регрутирани од редовите на муслиманите сунити. Мнозинството жители во Иран и Ирак се шиити.

До контакт дошло во Виена, на маргините на преговорите кои се водат околу нуклеарниот програм на Иран. Портпаролката на американското министерство за надворешни работи Мери Харф, рекла дека двете земји имаат „заедничк интерес да се запре напредувањето на ИСИЛ“.

Американското министерство за одбрана истовремено реагирало, за да се избегне впечатокот дека претстои воена соработка меѓу Вашингтон и Техеран. „Не постои било каков план за координација на воените активности меѓу САД и Иран“, нагаласил Кери.

Државниот секретар Џон Кери во понеделникот рече дека САД темелно ќе ја разгледаат секоја опција која е можна за да го стабилизираат конфликтот во Ирак, вклучително и користењето на дронови и соработка со Иран, пишува „Ен-Би-Си“.

ИСИЛ , кои како организација важат за немилосрдни и сурови, претходно веќе објавиле фотографии од масовни егзекуции на ирачките војници и безбедносните сили. Исто така,постојат информации за стотици егзекуции на цивили.  Емитувањето на доказите за егзекуциите  е демонстрација на моќ и очигледно ИСИЛ ги искористува овие снимки за поткопување на и онака нискиот морал на ирачките сили.