Ирак започна напад врз последното упориште на ИД на негова територија

Ирачките безбедносни слили во четвртокот тргнаа во напад на последното упориште на екстремната сунитска групација Исламска држава (ИД) на својата територија во близина на границата со Сирија, земја каде што џихадистите, исто така, се потиснати на мал дел од единиците на владата во Дамаск и курдско-арапската коалиција помогната од САД.

Оваа битка од едната и од другата страна на ирачко-сириската граница е „последната голема битка против Исламската држава“, изјавија неодамна американски генерали од меѓународната коалиција против џихадистите која ја предводат САД.

Според замислите, треба да се задушат џихадистите во нивното последно упориште, во средната долина на реката Еуфрат која тече од покраината Деир-ез-Зор на истокот од Сирија до ал-Каим, на западот од Ирак.

На ова подрачје на големата пустинска покраина ал-Анбар ирачките сили тргнале во напад во четвртокот во мугрите. Рано утрото премиерот Хајдер ал-Абади, кој е и врховен командант на армијата, најави во соопштение „започнување на битката за ослободување на ал-Каим“.

Абади, кој во повеќе наврати ги најавуваше нападите во телевизиските обраќања среде ноќ, овојпат издаде соопштение бидејќи се наоѓа на регионалната турнеја која по Заливот во текот на викендот, потоа во Аман и во Каиро, пред Анкара во средата, ја завршува во четвртокот во Техеран. Во текот на денот ќе се сретне со иранскиот претседател Хасан Роухани и со врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.