Иран бара од ЕУ јасни гаранции за зачувување на нуклеарниот договор

Техеран бара од европските земји јасни гаранции за зачувување на меѓународниот нуклеарен договор, изјави во неделата советникот на врховниот ирански лидер ајатолахот Али Хамнеи,за меѓународни прашања ајатолахот Али Акбар Велајати, а истовремено шефот на иранската дипломатија им порача на европските функционери дека не е доволна само поддршката на Европската унија да се сочува ползата од споменатиот договор од 2015 година од кој на почетокот од мај истапија САД.

„Мора да има јасни европски гаранции за да не се претвори договорот, кој го ограничува нуклеарниот развој на и Техеран во замена за укинување на санкциите од Советот за безбедност при ОН и едностраните рестрикции воведени своевремено од страна на САД и ЕУИ во еднострана спогодба. Немам апсолутна сигурноста за позицијата на европските земји без добивање практични гаранции, бидејќи контрадикторните изјави предизвикуваа сомневање“, изјавил Велајати, пренесе во неделата иранската новинска агенција Tasnim.

Според Велајати, „некои членки на ЕУ ја потврдуваат нивната приврзаност на нуклеарниот договор и перспективите за зајакнување на економската соработка со Иран, додека истовремено други велат дена нема потреба од спротиставување на САД. Таквата противречност не може да не предизвика сомнеж“.

Иранскиот советник ја критикуваше одлуката на француската нафтена компанија „Total“ кој го откажа веќе склучениот договор во Иран.

„Тоа е едноставно театар на апсурдот“, вели Велајати додавајќи дека Французите ја објасниле својата одлука со „немоќноста да се спротистават на притисокот од САД“. Затоа, истакнува советникот на ајатолахот Хамнеи, за Иран е важно да добие сериозни гаранции од Европа.

Истовремено во неделата иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на европскиот комесар за климатска и енергетска политика Мугиел Ариас Кањете му порачал дека ЕУ не прави доволно да ја сочува користа за Иран од договорот по повлекувањето на Вашингтон.

„Со повлекувањето на Америка, очекувањата на иранската јавност од Европската унија се зголемија за да се сочуваат полезните работи од овој договор, а моменталната европска политичка поддршка на договорот не е доволна“, му рекол во Техеран Зариф на Кањете, пренесе иранската новинска агенција Irna.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп на 8-ми мај објави дека ќе ги повлече САД од нуклеарниот договор и враќање на санкциите за Иран под чиј удар може да се најдат и европските компании кои по деценија се вратија на пазарите во оваа земја, европските челници се обврза дека ќе се обидат да ја одржат иранската трговија со енергенси и инвестиции во Иран, но истакнаа дека тоа нема да биде лесно.

„Мораме да го задржиме овој договор за да не треба да преговараме за нов. Нашата порака е многу јасна. Ова е нуклеарен договор кој делува“, истакнал Кањете по двата дена средни со иранските функционери.

По најавата на Трамп за враќање на санкциите за Техеран, покрај „Total“ и некои други европски компании сигнализираа дека може да се повлечат од Иран.

„Најавата за можно повлекување на големите европски компании од соработката со Иран не е во согласност со изјавите од Европската унија за спроведување на договорот“, рекол Зариф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.