вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 38

Иран бара стабилизација на цените на нафтата

Иранскиот министер за нафта Биџан Занганех изјави денеска дека неговата земја ќе ја поддржи секоја одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) со цел стабилизирање на тој пазар.

iran

Поврзани вести

Иранскиот министер за нафта Биџан Занганех изјави денеска дека неговата земја ќе ја поддржи секоја одлука на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) со цел стабилизирање на тој пазар.

Неговата изјава следела по разговорот со претседателот на ОПЕК, Мохамед Сануси Баркинд во Техеран.

Занганех истакна дека повеќето држави производители сакаат да ја зголемат цената на нафтата од 50 на 60 долари за барел.

– Оваа цена ќе овозможи попрофитабилно и економски поисплатливо производство на нафта за членките на ОПЕК, нагласи иранскиот министер.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјавил на средбата со Баркинд дека Иран има клучна улога во ОПЕК.

Најчитани вести