Бразил2014

Иран чека помош од БиХ

Иран чека помош од БиХ

Последниот натпревар од групната фаза нема никакво значење за репрезентативците на БиХ, но има големо за тие на Иран.

Избраниците на Сафет Сушиќ не го исполнија даденото ветување дека ќе изборат палсман во следната рунда, но тие на Карлос Квеирош и понатаму имаат но само теоретски шанси за пласман во 1/8 финалната рунда.

За да се реализира најпосакуваното сценарио, Иран ќе треба да слави со најмалку два гола разлика во дуелот проптив БиХ, а врториот натпревар од групата “Ф”, дуелот помеѓу репрезентациите на Аргентина и Нигерија да заврши со триумф на “гаучосите”.

„Никој не може толку лесно да го заборави дуелот против Аргентина. Бевме многу блиску до голема сензација, на само неколку минути, секунди. Со тој бод, сега ќе бевме во далеку подобра ситуација. Треба да мислиме на дуелот против БиХ но и да го следиме дуелот помеѓу Нигерија и Аргентина. Без разлика како ќе завршат овие два натпревара, моите фудбалери дома ќе се вратат со подигната глава”, изјави пред натпреварот селекторот на Иран, Карлос Квеирош.