четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 41

Иран поседува докази за трговијата со нафта меѓу Турција и ИД

Иран има докази за незаконската трговија со нафта меѓу Турција и ИД - Исламска држава и подготвен е на Анкара и јавноста да ги изнесе информациите за тоа. Техеран поседува фотографии и видео снимки од цистерни што влегуваат во Турција, изјави ирански функционер.

nafta-turcija-id

Поврзани вести

Иран има докази за незаконската трговија со нафта меѓу Турција и ИД – Исламска држава и подготвен е на Анкара и јавноста да ги изнесе информациите за тоа. Техеран поседува фотографии и видео снимки од цистерни што влегуваат во Турција, изјави ирански функционер, пренесува „Раша тудеј“.

Ако Владата на Турција не е информирана за трговијата со нафта на Даеш во таа земја, ние сме подготвени да им ставиме нашите информации на располагање, изјави секретарот на Советодавниот совет на врховниот водач на Иран Мохсен Резаи.

Резаи образложи дека Иран поседува фотографии и видео докази на кои се гледа како цистерни на ИД влегуваат во Турција во конвои и дека Иран е подготвен да ги објави истите.

Иран, прецизираше Резаи, поседува фотографски и видео докази дека нафтата на ИД влегува во Турција во камиони и подготвени сме тие информации да ги објавиме. Резаи, воедно, ги повика сите земји кои се борат против ИД да се концентрираат на искоренување на тероризмот.

Претходно неделава, руското министерство за одбрана објави мапи и сателитски снимки што според нив докажуваат дека Турција е главен потрошувач на прокриумчарената нафта на ИД од Сирија и Ирак. Министерството исто така тврдеше дека семејството на турскиот престедател Реџеп Тајип Ердоган и тој самиот се вмешани во криминалните зделки.

Ердоган веднаш ги отфрли ваквите обвинувања. Повеќе за ова на следниот линк.

Последно во оваа категорија

турција

ЕП ќе гласа за замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ Членовите на Европскиот парламент денеска ќе гласаат за можно замрзнување на преговорите со Турција за челнство во ЕУ, јави ДПА. Иако гласањето ќе привлече големо медиумско внимание, тоа нема да биде конечната одлука по прашањето за преговорите на Турција за пристапување кон ЕУ. Тоа е така бидејќи преговорите за членство ги води и за нив решава Европската комисија, а не Европарламентот. Европратениците, кои се избираат од гласачите на ЕУ на секои пет години, можат да донесуваат закони на ЕУ заедно со другите држави членки, но тие немаат ингеренции по прашањата поврзани со надворешната политика. Денешното гласање може да испрати силен политички сигнал, но нема да има право обврзувачко влијание врз одлуката на Комисијата во врска со преговорите за членство на Турција. Согласно директивите на ЕК за преговорите, „сериозното и постојано нарушување“ на европските вредности, меѓу кои и непочитувањето на „основните слободи и владеењето на правото“ можат да станат причина за привремен прекин на преговорите. Што е точно значи „сериозно“ и „постојано“ остава отворен простор за различни интерпретации, оценува ДПА. Во случај на прекршување, се очекува ЕК да препорача замрзнување на преговорите и потоа да бидат наведени условите, со кои преговорите можат да бидат обновени. Во таков случај, 28-те земји членки на Унијата тогаш ќе треба да гласаат по препорака на Комисијата. За да биде прифатен предлогот, неопходно е одобрение од најмлаку 16 членки, во кои живеат најмалку 65 отсто од граѓаните на ЕУ.

Најчитани вести