Иран ги запре преговорите за нуклеарното оружје

Тимот на ирански преговарачи соопштиле дека го прекинуваат процесот на преговори со светските сили во Виена за да се вратат во Техеран на консултации.

Овој потег следи откако официјален Вашингтон на „црната листа“ стави десетина компании и поединци поради кршење на санкциите на САД против Иран, објави иранската државна агенција ИРНА.
Претставници на владата во Техеран во Виена разговарале за примена на клучниот договор, договорен минатиот месец со шесте светски сили, кои ја сочинуваат групата Р5+1: Велика Британија, Кина, Франција, Русија, и САД плус Германија.