Свет

Иран го испрати и вториот мајмун во вселената

Иран го испрати и вториот мајмун во вселената

Техеран успешно лансирал, по втор пат, мајмун во вселената, како дел од проектот чијашто цел се вселенски летови со екипаж, соопшти денеска претседателот на Иран, Хасан Рохани појаснувајќи дека прв пат е користено иранско течно гориво.

Мајмунот по име Фаргам безбедно се вратил на Земјата, се додава во соопштението во кое не е објаснето кога е направено лансирањето, а нема ни други детали.

Иран често објавува информации за технолошки напредок кој е невозможно да се потврди од независни извори. Техеран најави дека сака во вселената да испрати астронаути како дел од амбициозната програма за истражување на вселената. Така Иран тврди дека првиот мајмун во вселената го лансирал во јануари на висина од 120 километри.

Еден од двата официјлни пакети фотографии од тој мајмун покажаа погрешно животно, што предизвика сомнеж кај меѓународната јавност дека лансирањето било успешно.

 

САД и сојузниците стравуваат дека оваа вселенска програма може да има за цел да се развие ракета до широк дострел, која би можела да биде вооружена со нуклеарни боеви глави.