Иран го обвини Трамп дека го саботира нуклеарниот договор

Иран тврди дека новиот закон за санкции против него кој во средата го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп ги крши одредбите од договорот за запирање на нуклеарната програма на Техеран постигна со шесте светски сили.

Водечките ирански политичари во разни изјави за медиумите и светските агенции оценуваат дека новиот закон кој го донесе Конгресот на САД за дополнителни санкции против Русија, Иран и Северна Кореја и врз кој не може да дејствува претседателот Дондла Трамп освен да го потпише, се обид да се саботира договорот да се саботира договорот од 2015 година и истакнуваат дека нема да влезат во таа стапица.

„Нема да реагираме со противмерки, наместо тоа ќе одбиеме да бидеме вовлечени во оваа игра и ќе останеме разборити“, изјави заменикот ирански министер за надворешни работи Абас Аракчи, пренесуваат агенциите Reuters и DPA.

Аракчи додал дека од ирански позиции договорот е прекршен и дека Техеран „соодветно и сразмерно ќе реагира“, пренесе подоцна иранската новинска агенција ISNA.

Иранскиот дипломат оценува дека санкциите наметнати од страна на САД претставуваат обид да биде предизвикан Иран самиот да истапи од договорот со кој во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма за Техеран по повеќе од деценија беше овозможена меѓународна трговија.