Иран ја осуди воената операција во Јемен

Иранските официјални медиуми ја означија воено-воздушната кампања, започната од Саудиска Арабија и останатите арапски сунитски монархии од регионот на Персискиот Залив како „агресија поддржана од САД“, објави МИА.

Државната телевизија емитуваше кадри со урнатини, десетици тела и ранети лица.

– Многу јеменски граѓани беа убиени за време на агресијата во Јемен, поддржана од САД, се наведува во извештајот на телевизијата.

Иран демантира дека ги финансира и обучува шиитските бунтовници хути во Јемен, како што тврдат претставници на локалните власти и западните земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.