Иран ќе склучи договор само ако се укинат сакциите

Иран ќе склучи конечен договор за нуклераното прашање со шестте големи сили само при укинување на санкциите, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

– Нема да потпишуваме никаков договор, освен ако уште истиот ден не бидат укинати сите санкции… Сакаме теков договор, од кој сите страни во преговорите ќе имаат корист, посочи Рохани.

Иран и шесторката минатата недела во Лозана постигнаа рамковен договор за нуклеарната програма на Техеран.