Иран наскоро се повлекува од нуклеарниот договор

Иранскиот заменик-шеф на дипломатијата рече дека Иран ќе може да го напушти иранскиот нуклеарен договор во наредните недели.

Иранскиот нуклеарен договор е “на интензивна нега” и можно е Техеран да мора да се повлече од него ако нема договор со европските потписници, предупреди Абас Аракчи, заменик-министерот за надворешни работи.

Според него, Иран сака да го зачува договорот, но потребно е да се прилагодува поради одлуката на Вашингтон да се повлече од него.

На барање на Иран, делегации од Кина, Русија, Франција, Велика Британија, Германија и Европската унија се собраа вчера во Виена, каде што тие ја потврдија својата посветеност на договорот од 2015 година.

Договорот „изгуби рамнотежа“ поради повлекувањето на САД, така што ако Европјаните и другите страни на договорот се заинтересирани Иран да остане во договорот, би требало да го компензираат отсуството на САД, рече Аракчи за Евроњуз.

Тој изрази надеж за поволен договор, но, според него, Иран е скептичен.

Претходно овој месец, иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека е можно Иран да се повлече од договорот ако утврди дека повеќе не му се исплати.