Свет

Иран нема повторно да преговара за нуклеарниот договор

Иран нема повторно да преговара за нуклеарниот договор

Иран порача во вторникот дека нема да преговара за измените од договорот за неговата нуклеарна програма постигнат во 2015 со шесте светски сили, ниту за своите балистички проектили, и се закани дека ќе продолжи со збогатување ураниум доколку не се најде на начин да се спаси споменатиот меѓународен договор од Виена, од кој САД се повлекоа минатата седмица и се заканија со воведува санкции против Техеран.

Високиот советник на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Камнеи, Али Акбар Велајати, изјави дека Иран нема да преговара за договорот за неговата нуклеарна програма, ниту за развојот на неговите балистички проектили. Истовремено го предупреди Израел дека ќе се соочи со „посилен одговор“ доколку повторно ја нападне Сирија, пренесе новинската агенција Fars.

Во вторникот и портпаролот на иранската влада порача со доза на закана дека Иран ќе продолжи да збогатува ураниум, доколку не е најде начин да се спаси ткн нуклеарниот договор.

„Доколку нашите интереси не бидат заштитени, ќе се повлечеме од договорот и ќе продолжиме да збогатуваме ураниум на 20 отсто или на кое и да друго ниво коешто ќе го посакаме“, порача портпаролот Мохамад Багер Нобакт, кого го цитира службената новинска агенција Tasnim.

Според одредбите од нуклеарниот договор, Иран смее да збогатува ураниум на ниво од околу 4 отсто, и да ги демонтира илјадниците центрифуги за овој процес, до ниво од кое лесно може да се дојде до нуклеарно оружје.