Свет

И Техеран реагира на новата нуклеарна доктрина на САД Иран оцени дека американската воена политика е закана за човештвото

Иран оцени дека американската воена политика е закана за човештвото

Новата американска политика во врска во нуклеарното вооружување го води човештвото кон уништување, оцени иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф во објавата на Twitter откако, САД го објавија документот со кој сакаат модернизирање и зајакнување на својот нуклеарен арсенал.

Пентагон во петокот објавија дека ќе развиваат ново нуклеарно оружје со помала моќност но модернизирано и поефикасно, оправдувајќи го тоа со тврдењата дека Кина, Русија, Северна Кореја и Иран го развиваат ваквото оружје а САД ја губат предноста како веродостојна нуклеарна сила.

Ваквата политика, утврдена во документот за новата американска „Нуклеарна стратегија“ го поттикна стравувањето од повторна трка во вооружување и ново ширење на нуклеарното оружје и зголемена опасност од нуклеарна војна.

Таквата политика „значи поголема зависност од нуклеарни бомби, што е кршење на TNP“, Договорот за неширење на нуклеарното оружје, напиша Зариф.

„Упорноста со којашто (американскиот претседател Доналд Трамп) сака да го ликвидира“ меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма „произлегува од истото опасно непостоење на свеста“, додава шефот на иранската дипломатија, алудирајќи на договорот кој во јули 2015 година го склучија шесте светски сили и Иран за контроверзната нуклеарна програма на Техеран.

Трамп повеќепати го проблематизираше нуклеарниот договор со Иран, заканувајќи се дека ќе ги повлече САД од него до средината на април. Заговорниците на договорот, во прв ред европските потписници Франција, Германија, па и Велика Британија, тврдат дека овој договор е најдобриот начин да спречи Иран да произведе нуклеарно оружје.

Американскиот став во врска со нуклеарното вооружување во неделата го осуди и иранскиот претседател Хасан Роухани, кој се надоврза на критиките кои пристигнаа и од Москва и од Пекинг.

„Погледнете само колку дрско САД ѝ се закануваат на Русија со ново атомско оружје (…) Може ли една земја во такви околности да каже дека сме во период на мир и дека не ни се потребно одбранбени капацитети“, порача иранскиот претседател во говорот пренесуван директно на државната телевизија.