Свет

Иран: Петмина камшикувани бидејќи јаделе за време на постите

Иран: Петмина камшикувани бидејќи јаделе за време на постите

Пет лица биле камшикувани во Иран бидејќи јаделе во јавност за време на рамазанскиот пост.

– Камшикувањето се случи во градот Керманшах, западен Ирак. Луѓето се казнети бидејќи ја игнорирале полицијата и „намерно јаделе“ за време на постот, изјавил државниот обвинител Али Мозафари.

Иранските власти секоја година ги предупредуваат граѓаните да ги почитуваат рамазанските пости и да не јадат и да пијат во јавност од зора до заоѓање на сонцето. Но, тие правила некогаш се прекршуваат посебно кога е топло времето и пијат вода на улица.