Иран подготвен за дијалог со Саудиска Арабија

Иран денеска покажа знаци дека сака дијалог со Саудиска Арабија, откако егзекуцијата на шиитскиот свештеник за време на викендот ги скара двете регионални сили и предизвика дипломатски последици за цел свет, пренесе ДПА.

-Иран не сака никакви тензии во регионот и секогаш ќе го поздрави дијалогот со своите соседи, изјави иранскиот шеф на дипломатија Џавад Зариф на заедничката прес конференција со својот ирачки колега Ибрахим ал Џафари во Техеран.

Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал Џафари на прес конференцијата изјави дека неговата земја ќе се обиде да посредува во надминување на дипломатскиот конфликт меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Според Зариф, сите земји од регионот треба да се обединат, особено во борбата против сегашните терористички закани, но според него Ријад редовно ја блокира конструктивната соработка.

-Иран секогаш покажувал и ќе продолжи да покажува трпение за ова прашање, додаде министерот. Тој го осуди нападот врз саудиската амбасада во Техеран.

„Иран ги почитува меѓународните договори и ќе преземе цврсти мерки против извршителите“, вети Зариф, посочувајќи дека досега се уаспени околу 50 лица.

Иранскиот шеф на дипломатијата ја обвини Саудиска Арабија дека ја поттикнува напнатоста во регионот, додека Техеран се обидува да ја намали.

-Создавањето напнатост не е знак на сила, туку на слабост, подвлече иранскиот дипломат, цитиран од британските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.