Иран успешно тестирал нов балистички проектил (ВИДЕО)

Иран успешно го тестирал новиот балистички проектил со дострел од 2.000 километри кој беше прикажан претходно во петокот на воената парада, објавија во саботата државните медиуми.

Лансирањето на ракетата „Корамшар“, за коишто Иран соопшти дека може да понесе неколку боеви глави и да погоди истовремено неколку цели, што веројатно ќе ја предизвика загриженоста на САД и Израел, како и главниот ирански регионален ривал сунитска Саудиска Арабија.

Иранската државна информативна мрежа IRIB објави снимка од тестот на проектилот на кој не е наведен датумот и местото, вклучително и видео снимка од камера на самиот проектил кој, како што е наведено, покажува одвојување на конусот кој носи повеќе боеви глави.

„Ги гледате снимките од успешното тестирање на проектилот ‘Корамшар’ со дострел од 2.000 километри, најновиот проектил на нашата земја. Тоа е третиот ирански проектил со дострел од 2.000 километри“, се наведува во прилогот на државната телевизија.

Ракетата „Корамшар“ првпат беше покажана во јавноста на воената парада во петокот кога иранскиот претседател Хасан Роухани изјави дека и покрај предупредувањата на Западот Иран ќе ги засилува своите воени капацитети без да бара дозвола од која и да е земјата.