Иранците избираат претседател, Роухани го бара вториот мандат

TIMA via REUTERS

Иранците во петокот утрото започнаа со гласањето на претседателските избори, на коишто според политичките коментатоти и резултатите од објавените анкети се најавува дека актуелниот умерен и реофрматорки настроен претседател Хасан Роухани ќе биде меѓу четворицата главни кандидати, но и дека светпеникот со радикални ставови Ебрахим Раиси би можел да му претставува сериозен противник.

Хасан Роухани, 68-годишниот поранешник клерик, ја стави својата политичка иднина на коцка отворајќи го Иран кон надворешниот свет и совладуваји го противењето на радикалните политички струи со постигнувањето на историскиот нуклеарен договор со шесте светски сили со кои се ограничува нуклеарната програма на Техеран, во замена за повлекување на децениските меѓународни санкции, потесетува Associated Press.

По гласањето во петокот ќе биде познато дали иранските избирачи сметаат дека тоа што го стори во изминатиот мандат заслужува да продолжи да ја води земјата, иако ниеден ирански претседател на заминување не успеал да го освои реизборот од 1981 година, кога ајатолахот Али Хамнеи, сегашниот врховен челник и најмоќната фигура во Иран стана претседател.

Процените се дека Роухани нема да победи уште во првиот круг, а во тој случај, односно доколку ниеден кандидат не добие мнозинство од гласовите, двајцата кандидати со најголем број гласови ќе се соочат во вториот круг, кој би се одржал една седмица подоцна.

Приврзаниците на Роухани се собраа во центарот на иранската престолнина Техеран изминатата ноќ за да му изразат поддршка, а собирот мина мирно, иако истовремениот помал собир го организираа и поддржувачите на неговиот главен противкандидат, радикалниот клерик Ебрахим Раиси.

Раиси е професор по право и поранешен обвинител кој води влијателна верска добротворна фондација и има поддршка од двете главни свештенички тела, а во кампањата настапи со реторика насочена против корупцијата, повикувајќи на многу поостар став кон Западот и тврдејќи дека нуклеарниот договор не ја подобрил живеачката на сиромашните.

Претседателски кандидати уште се и Мостафа Хашемитаба, прореформски политичар кој се кандидираше и на претседателските избори во 2001 година, и Мостафа Мирсалим, поранешен министер за култура.

Во полза на Роухани не оди чувството кај многу Иранци дека со нуклеарниот договор постигнат во 2015 година според кој на Иран му се наметнати ограничувања во програмата за атомска енергија, не ѝ донел екомска полза на земјата. Иако на Техеран му се укинати некои санкции поради неговата нуклеарна програма, другите американски и меѓународни санкции останаа на сила, а невработеноста во земјата и натаму е висока, со речиси третината од младите без работа.

Победата на Роухани би можеле да доведе до натамошно слабеење на ограничувањата на личните слободи, додека победата на Раиси може да го доведе Иран во нов судир со Западот во време кога американскиот претседател Доналд Трамп по притисокот на стратешкиот блискоисточен сојузник Израел и моќното лоби во Вашингтон повика на поцврст став кон Иран.

Кој и да победи, би можел да влијае на изборот на следниот врховен водач, а со самото тоа и на начинот на управуањето до Иран.

Според иранскиот изборен систем, жените не можат да се кандидираат за шеф на државата, а претседателот е подреден само на врховниот водач, кого го избира советот на клериците и го има последниот збор за сите државни прашања. Сепак, претседателската функција е моќна со значително влијание врз домашната политика, државната бирократија и надворешните работи.