Иранец осуден на 74 удари со камшик поради убиство на куче

Иранец е казнет со 74 удари со камшик поради убиство на куче.

Видеозаписот со убиството на кучето беше емитуван на локалните медиуми и што предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи.

На видеото е прикажано како Иранецот неколкупати го удира кучето со автомобил, а потоа го убива удирајќи го со лопата.

По поднесената жалба од Организацијата за заштита на животната средина во иранската провинција Ардебил, Иранецот е уапсен и осуден.