Ирански мигранти спасиле грчки пожарникари

Четворица ирански мигранти спасиле двајца грчки пожарикари на островот Лезбос, соопштуваат грчките медиуми.

Мигрантите кои штотуку пристигнале на островот, виделе како противпожарникарско возило паднало во бездна, и откако слегле по стрмнината успеале од возилото да ги извадат двајцата пожарникари.

Повредените пожарникари биле однесени во болница.

Пред националната телевизија грчки полицаец, сведок на настанот, потврдил дека ирански мигранти помогнале за извлекување на пожарникарите.