понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Ирански милијардер осуден на смрт поради корупција

Според Обвинителството Занџани присвоил 2,8 милијарди долари добиени од неофицијална продажба на нафта, заобиколкувајќи ги меѓународните санкции кон Иран.

Ирански милијардер осуден на смрт поради корупција

Ирански милијардер осуден на смрт поради корупција

Последни вести

Влијателниот ирански бизнисмен, милијардерот Бабак Занџани денеска е осуден на смрт поради корупција и присвојување на средства, јавија иранските медиуми.

Занџани е директор на корпорацијата „Соринет груп“, која има филијали во Турција, во Обединети Арапски Емирати и во Малезија. Тој беше уапсен на 30 декември 2013 година под обвинение за финансиски измами и корупција, Според Обвинителството Занџани присвоил 2,8 милијарди долари добиени од неофицијална продажба на нафта, заобиколкувајќи ги меѓународните санкции кон Иран.

Националната иранска нафтена компанија му дозволила на Занџани да продаде нафта во висина од 2,8 милијарди долари, но не го задолжила да достави гаранции за враќање на добиените средства од продажбата на нафта.

Во 2012 година САД и Европската унија го ставија Занџани на црната листа на лица кои ги кршат санкциите. Во април следната година американското Министерство за финансии го обвини Занџани за поткопување на режимот на санкции кон Иран поради извоз на нафта и финансиски средства на иранската Влада. Слично обвинение подигна и ЕУ.

babak_zanjani_IF8j8TY

Во февруари 2014 година иранскиот претседател Хасан Рохани нареди истрага за коруптивните измами со продажба на иранската нафта

Најчитани вести