Иранскиот духовен лидер го обвини Израел за геноцид

Иранскиот духовен лидер, ајатолах Али Хамнеи го обвини денеска Израел дека извршил геноцид во Појасот Газа и ги повика исламските земји да ги вооружат Палестинците, кои се борат против „ционистичкиот режим“.

Тој истакна дека Израел се однесува како „бесно куче и див волк“ и дека неговото однесување предизвикува хуманитарна катастрофа, па затоа мора да му се пружи отпор.

– Луѓето во Газа се опкружени на ограничен простор со затворени граници, вода и струја повеќе немаат отколку што имаат, а се соочуваат со вооружен непријател – рече Хамнеи тринеделната офанзива во Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 1.100 Палестинци и 53 Израелци.

Иранскиот духовен лидер ја отфрли можноста за разговори за примирје во Газа, додавајќи дека тоа е тактика на САД и европските земји да го спасат Израел. Тој нагласи дека Хамас треба дополнително да се вооружи, а не да го предава оружјето, бидејќи „нема да може да се брани“.

Низ Иран вчера беа одржани протести за поддршка на Палестинците. Властите во Техеран не го признаваат постоењето на Израел.