ИС и’ се закани на Европа: Ќе ви пратиме половина милион бегалци, Медитеранот ќе стане море на хаосот

Злосторничката терористичка групација „Исламска Држава“ се закани дека „Европа ќе ја преплават повеќе од половина милион бегалци од Либија“, и дека тоа ќе биде психолошката војна против Западот.

Транскрипти од телефонски разговори објавени се во Италија, чии тајни служби тврдат дека имаат докази оти ИС планира да испрати над 500.000 бегалци, кои ќе ја преплават Европа.

– Ако Западот ја нападне Либија, исламистите ќе ги остварат своите закани, бидете сигурни во тоа, наведено било во извештајот на италијанската полиција.

Според планот на терористите, бегалците во Европа ќе пристигнат преку Средоземното море, и тоа во неколку илјади чамци. Ако успешно влезат на Стариот Континент, тогаш би се распоредиле по најголемите градови, и во нив постепено би работеле на предизвикување немири. Од друга страна, милитантите кои остануваат во Либија, сакаат да ги зацврстат своите позиции во оваа африканска држава, и потоа би го поминале Медитеранот, маскирани како бегалци, пишува британски „Телеграф“.

Alfano

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Анџелино Алфано, во понеделникот изјавил дека Либија е „апсолутен приоритет и дека меѓународната заедница нема ниту една секунда време за губење“.

– Ако милицијата на самопрогласениот исламски калифат напредува побргу отколку што на меѓународната заедница и треба време да се усогласи, нема да успееме да угасиме пожарот на тероризмот во Либија. Ризикуваме егзодус без преседан, рекол Алфано.

Неговата загриженост е разбирлива, со оглед на тоа дека Италија е европска држава што би била на удар на либиските терористи. Повеќе од 170.000 мигранти влегле минатата година во Италија, откако со чамци го препловиле Медитеранот. Ако навистина се случи нападот на ИС, ќе се остварат предвидувањата на некогашниот претседател на Либија, Моамер Гадафи, кој предупреди дека Медитеранот ќе стане „море на хаосот“.

gadafi

Во текот на своето последно интервју во март 2011 година, Гадафи прогнозираше дека во блиска иднина медитеранските држави ќе доживеат „трагична судбина“. Само пет месеци подоцна, либиските опозициски сили, кои безрезервно добиваа помош и поддршка од НАТО, ја презедоа власта во земјата и на најсуров начин го погубија на улица некогашниот лидер. Имајќи го во предвид она што се случуваше во Либија во изминативе три години, која од успешна земја стана буквално дувло на сиромаштија и секојдневни терористички пресметки, по се’ изгледа дека предвидувањата на Моамер Гадафи и не се така далеку од вистината.

ФОТО: Reuters, Associated Press

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.