четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 81

Иса Мустафа: Ги исполнивме сите услови на ЕУ за визна либерализација

Ние разговаравме со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могрени, за тоа што сме направиле до сега, објасни синоќа Мустафа.

Иса Мустафа: Ги исполнивме сите услови на ЕУ за визна либерализација

Иса Мустафа: Ги исполнивме сите услови на ЕУ за визна либерализација

Последни вести

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека состанокот со лидерите на ЕУ во Брисел е од големо значење и додаде дека „во прашање се недели“ кога ќе се донесе одлука за визна либерализација за жителите на Косово.

– Ние разговаравме со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ  Федерика Могрени, за тоа што сме направиле до сега, објасни синоќа Мустафа, јавува Танјуг.

– Ние ги исполнивме сите услови кои ги постави ЕУ за нас во процесот за либерализација на визниот режим, но и за другите процеси за европската интеграција, нагласи Мустафа.

Претседателот на ЕК, Јункер, го поздрави постигнатиот напредок на Косово во врска во процесите.

Најчитани вести