Исчезна асфалтот ставен во Арачиново пред изборите

Асфалтот кој го ставија на неколкуте улици во Арачиново пред последните избори „исчезна“, пишува Факте.нет.

Селаните се жалат на ваквата ситуацја, бидејќи доволно долго чекаа за да го видат асфалтираниот пат, кој непосредно пред изборите беше пуштен, но како што може да се види од фотографиите, истиот после два месеца беше целосно уништен.

Асфалтирањето го изврши компанијата „Ју-Бај“, а ја ангажираше општината Арачиново.