Исчезна малолетничка од село Банско

Четириесет и едногодишната Б.А. од село Банско вчера во полициска станица пријавила дека претходниот ден исчезнала нејзината петнаесетгодишна ќерка.

Малолетното девојче заминало на забава во село Колешино од каде не се вратило дома. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.