Крими хроника

Исчезна маж во водите на Мавровско Eзеро

Исчезна маж во водите на Мавровско Eзеро
Исчезна маж во водите на Мавровско Eзеро

Попладнево во водите на Мавровско Езеро исчезнал маж чиј идентитет и возраст не се познати. Специјализирани екипи на МВР пребаруваат по дното на брегот во близина на месноста Бунец, бидеќи постои сомнеж дека лицето кое е пријавено за исчезнато е удавено, пренесе МИА.

Од првичните информации на Јавното обвинителство најверојатно се работи држжавјанин на Република Турција на возраст од околу 60 години

Неофицијално, тој со свои пријатели дошол на излет. Попладнево околу 16 часот влегол во езерото со уште едно лице и двајцата излетници запливале во Мавровско Eзеро. Во еден момент, едниот од нив почнал да тоне и се обидувал да исплива, по што му се губи трагата. Едниот допливал до брегот и побарал помош.

Случајот во полициското одделение Маврово, го пријавил рибар кој бил во близина по што полициски службеници помогнале и едниот од излетниците го префрлиле во гостиварската болница.

Во моментов Јавното обвинителство ја следи потрагата по исчезнатиот која ја изведуваат екипи на СВР Тетово и нуркачи на МВР. Засега не се соопштуваат повеќе детаљи.