Исчезна пејачката Тејлор Свифт

Американската пејачка Тејлор Свифт ненадејно ги избриша сите профили на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тумбир и Јутјуб, што ги вознемири нејзините фанови.

На Фејсбук, Твитер и Инстаграм, Тејлор имала над 262 милиони следбеници, а нејзините фанови на Твитер дискутираат за тоа поради што се повлекла од социјалните мрежи и што и се случило. Мистеријата за нејзиното исчезнување се обидуваат да ја решат и светските медиуми, како и таблоидите. Многумина сметаат дека овој потег на Тејлор Свифт е само маркетиншки трик и увертира во нејзиниот нов, шести студиски албум, на кој работела во тајност.

Некои медиуми пишуваат дека го следи примерот на еден американски бенд, кој за да порасне продажбата на нивниот албум, оваа година во мај го направи истото.

Многумина тврдат дека во последно време се поретко излегувала и се криела од фотографите, а кога излегувала од дома се криела во широка облека со капа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.