Свет

Исчезна Сноуден, има сомнежи за убиство?!

Исчезна Сноуден, има сомнежи за убиство?!

Едвард Сноуден на својот Твитер профил во петокот вечерта напиша кодирана порака од 64 знака, а денеска објави мистериозно предупредување во кое пишува „Време е“.

Пораката брзо е избришана. Се шпекулира дека оваа порака на Сноуден би можела да биде клуч за дешифрирање на големото протекување документи или прекинувач кој е наместен да реагира доколку  тој биде убиен или заробен.

Шифрираната порака од 64 знаци веројатно претставува алгоритам кој се користи за потпис за документи или како лозинка.

Прекинувач е порака која е наместена автоматски да се прати доколку корисникот на налогот редовно не се логира на својот профил.