Исчезна швајцарски борбен авион во Алпите

Швајцарски борбен авион во саботата попладне исчезна во алпскиот централен дел на земјата, соопшти денеска швајцарското Министерство за одбрана.

Судбината на пилотот засега останува нејасна, се наведува во сооопштението, пренесено од американските медиуми.

Во тек е потрага по авионот од типот Ф/А-18Ц, што исчезна источно од градот Интерлакен.