Исчезна уште едно лице во невремето во тетовско

Општина Тетово финансиски ќе им помогне на
Општина Тетово финансиски ќе им помогне на загрозените семејства

Сеуште се трага по шестгодишното девојче кое исчезна вчера во невремето што го зафати ттеовскиот регион, а  утрово исчезна 61-годишен маж Р.Ј. од тетовското село Лисец.

Според официјани информаии од МВР , по вчерашното невреме проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, животот го загубија четири лица.

Хашим Ф.(83) од село Шипковица, А.М.(14) од село Шипковица, две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година од село Шипковица.

Безживотните тела на  Хашим Ф, А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во село Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете пронајдено е во селото Голема Речица.

Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица.

Дел од нив задржани се во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување. Невремето, предизвика излевање на повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети.

Телата на починатите по силното невреме во тетовско се пронајдени. Засега исчезна девојче како и возрасен маж. Повредени се засега 11 лица, најмногу од Шипковица, Селце Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се уште се на болничко лекување, а дел се пуштени дома, информираа од полицијата.

Поплавите во тетовско,освен што однесоа човечки жртви, напавија и голема матаријална штета.

Нвремето во тетовско направи голема материјална штета и однесе човечки жртви
Нвремето во тетовско направи голема материјална штета и однесе човечки жртви

Град Скопје рано утринава обезбеди помош за Тетово. Во градот се испратени тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите.

Испратена механизација за справување со поплавите

Градот Скопје испрати две цистерни за влечење вода и седум цестерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Kомунална хигиена”, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување вода, како и неколку моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода.

Екипа од над 70 лица на терен во Тетово

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од над 70 лица, составена од пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.

Од Град Скопје соопштуваат дека Штабот за заштита и спасување ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош за Тетово.