Исчезнаа стружанка и скопјанка

Две лица се пријавени вчера за исчезнати, соопшти полицијата.

Во Полициската станица – Струга, А.Х.(41) пријавил дека на 14 април годинава од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга Ш.Х.(32), додека во Полициската станица – Гази Баба, Џ.А.(49) пријавил дека на 9 април од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга С.А.(51).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.