Македонија

Исчезнат Mакедонец во Австралија

Исчезнат Mакедонец во Австралија

Австралиското издание на „Дејли Телеграф“ објави информација за исчезнат македонски емигрант, во областа Бенкстоун (Bansktown), Сиднеј, Австралија.

Станува збор за 28- годишниот Николче Велјановски, по кого се трага од вчера. Тој последен пат бил виден на локацијата Алума, Јагуна (Alluma, Yagoona). Австралиската полиција била алармирана вчера околу 11.00 часот претпладне при што веднаш започнала со потрага.

Г-дин Велјановски е опишан со кавкаски изглед, со црвена коса и сини очи.

„Дејли Телеграф“ обајви повик за помош во потрагата.