Исчезнат ресенчанец пронајден мртов

Полицијата го идентификувала трупот што бил пронајден обесен на дрво, завчера во шума над Средното училиште во Ресен, информираше МВР.

Трупот го пронашол случаен минувач, кој пријавил во полицијата.

Телото било во поодмината фаза на распаѓање, па не можело веднаш да се утврди полот на починатото лице.
Сепак, од истрагата било утврдено дека станува збор за А.И. од Ресен, кој на 13.02.2018 година бил пријавен за исчезнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.