Исчезнатата жена во Охридско пронајдена жива и здрава

Пријавената исчезната жена во Охридско утрово околу 10 часот е пронајдена жива и здрава од страна на полицијата. Семејството на оваа исчезната жена стравувало дека таа се удавила.

Исчезната жена во Охридско езеро

Изутринава околу еден часот била пријавена исчезната жена во Охридско езеро.

Во потрага по жената денеска беа вклучени вклучени полицијата и тимови на спасувачките служби при Црвениот крст, кои го пребаруваа крајбрежниот појас на езерото.

Жената се фрлила во езерото

Очевидци кои биле на местото на настанот сведочат дека истата исчезната жена во Охридско езеро самата се фрлила во водата.

Момче се удави во Охридко во јули минатата година

Полицијата го откри идентитетот на младото момче кое беше пронајдено во водите на Охридското езеро во центарот на градот.

Давеникот е 25. годишниот Александар Ѓ. од кочанското село Зрновци. Тој дошол во Охрид да работи во познат угостителски објект, што е честа практика за време на главната туристичка сезона.

Телото на удавеното момче го забележал случаен минувач, на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден од најелитните угостителски објекти, ресторан во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри. Момчето починало од давење, но каде, кога и како се случил немилиот настан засега не се знае. Последно бил виден ден пред наоѓањето на телото во ресторанот каде работел, но тоа не е во близина на езерскиот брег. Што се случило потоа треба да открие истрагата, пишува Утрински.

Имено, на телото на момчето не беа констатирани траги на насилство.

Тројца давеници за една недела

За време на тековната недела кога беше пронајдено телото на несреќниот Александар во јули минатата година имаше уште два случаи на давеници.

Од давење биле спасени дваесет и осумгодишен турист од Србија и десет години помлад албански државјанин.

Радари за поголема безбедност

Пред почетокот на оваа летна сезона најавени беа пловидни знаци и сигнални направи за побезбедна пловидба на се поголемиот број чамци, глисери и скутери во Охридското езеро.

Исто така превентивна мерка е и маркацијата во вода.

Истите ќе служат да се одбележи оној простор кон средината на езерото каде можат да се движат оние пловни објекти безбедно не загрозувајќи ги капачите, бидејќи знаете дека големо внимание посветуваме на безбедноста на капачите, изјави тогаш  Горан Устоијаноски, раководител на Капетанија на пристаништа на РМ за Канал 5.

Состојбата низ целото езеро се следи преку два радари, од кои едниот на Самоиловата тврдина, а другиот во локалитетот Градиште.

 

 

Охридското езеро годинава за прв пат беше изнуркано во должина.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.