Исчезнатиот Гостиварец пронајден во Драч

Шеесет и седумгодишниот гостиварец Јакуп Рамадани, кој од страна на семејството со кое бил на летување пред два дена беше пријавен за исчезнате пронајден во Драч од страна на албанската полиција.

Според полицијата Рамадани бил во добра здравствена состојба.

– Македонскиот државјанин Јакуп Рамадани, жител на Гостивар, е пронајден во туристичкото место Голем, во Драч. Тој е предаден на неговото семејство, стои во полициското соопштение.