Балкан

Исчезнати снимките од БИА кои Шариќ ги споменува за убиството на Фриц

Исчезнати снимките од БИА кои Шариќ ги споменува за убиството на Фриц

Снимките од средбата на Драган Дудиќ Фриц, еден од блиските соработниците на наркобосот Дарко Шариќ, со високите функционери на Министерството за внатрешни работи, Безбедносната информативна агенција (БИА) и Специјалното тужителство, меѓу кои и началникот Родољуб Миловиќ се исчезнати од БИА.

Како што пишува веникот „Политика“, оваа информација ја открила повеќечлената работна група составена од припадници на БИА, која работела и на лоцирањето и апсењето на Дарко Шариќ. Дудиќ е убиен 42 дена по состанокот кој го споменува Шариќ.

Оперативците се состанале со Дудиќ на 18 април во објект за посебни намени на Златибор, а на состанокот присуствувале Родољуб Миловиќ и Саша Иваниќ, заменик на специјалниот тужител кој го води процесот против Шариќ, како и еден висок функционер на Министерството за внатрешни работи, двајца функционери на БИА, од кои еден сеуште е жив.

Операцијата ја извеле двајца оперативци, а логистичка поддршка им пружил припадник во српското МВР, по претходен договор со директорот на полицијата Милорад Вељовиќ, наведува „Политика“.

Најасно е на средбата што зборувал Дудиќ, но по изјавите на еден од учесниците на состанокот, тој пробувал да дознае кои се луѓето кои го водат процесот против Шариќ, додека пак, други изјавиле дека Дудиќ детално ја разоткрил шемата за организација на шверц на кокаин од Јужна Америка и Европа.

Истрагата покажала дека дисковите на кои бил снимен состанокот ќе го предаде Ивица Петровиќ, поранешен началник на оперативата на БИА и во тоа за тоа постои документација, но според „Политика“, на досковите им се губи трагот. Петровиќ во текот на истрагата рекол дека тој снимката не му ја дал никој и за тоа е подготвен да оди на полиграфско испитување.

Црногорскиот печат пишува дека снимката на сведочењето на Дудиќ е продадена во оваа држава за милион евра. Оваа снимка, специјалната работна група, не знаела дека постои, ниту пак дека е исчезната од БИА.

Дудиќ е убиен на 30 мај 2010 година, н а плоштадот во Котор. Неговиот убиец, Иван Врачар е осуден на 17 години затвор.

На крајот, „Политика“ заклучува дека е исчезнат важен доказен материјал кој во голема мера може да допринесе за расветлување на сите околности во врска со кланот на Шариќ, но и улогата на оперативците и начинот на нивната работа и однесување во оваа ситуација.