Исчезна 15-годишно девојче од Домот за деца без родители „11 Октомври“

Петнаесетгодишно девојче од Дом за деца без родители „11 Октомври“ е пријавено за исчезнато во полициската станица Центар.

Како што информира МВР, вчера во 11:20 часот во Полициската станица Центар, Б.С. вработена во Дом за деца без родители „11 Октомври“, пријавила дека на 29.05.2015 година во 13:00 часот од Домот за деца без родители во непознат правец се оддалечила 15-годишна штитеничката од Битола.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето