Исчезна 15-годишно момче од Куманово

Семејство од Куманово е завиено во тага и болка откако пред пет дена исчезна нивниот малолетен син Ренат Џељадини.

Во саботата, малолетникот со родителите собирал пластични шишиња, но кога момчето заминало до возилото по храна, му се губи секаква трага.

Како што јавува порталот „Куманово Њуз“ 15-годишниот Рушит исчезнал во близина на депонијата Краста.

Татко на исчезнатото момче вели дека секаде го барале својот син, но детето го нема веќе петти ден.

– Секаде го баравме, претуравме и по ѓубриштето со роднините и соседите, но детето никаде го немаше, велат родителите на момчето.

Дента и полицијата се вклучила во потрагата и до сега од таму немаат никакви сознанија. Од МВР велат, сеуште не може да се каже дека станува збор за киднапирање, и веќе неколку дена се вршат информативни разговори и активно се работи на терен.

Рушит е облечен е во црни тренерки и кратки маслинесто зелени чизми. Ако некој го препознае веднаш да пријави во полиција, апелираат родителите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.