Исчезна алжирски авион

Летот АX5017 на алжирската авиокомпанија „Ер Алжир“ исчезнал од радарот 50 минути по неговото полетување од аеродромот во Буркина Фасо, јавува АФП.

Засега не се знае за кој авион станува збор, што се случило со него, ниту колку патници и членови на екипажот имало во истиот, а авиокомпанијата соопштила дека е воспоставен „итен протокол“ и дека наскоро ќе излезат со нови информации.

„Навигациските служби изгубија контрола со авион на Ер Алжир кој лета од Уагадугу до Алжир, 50 минути по неговото полетување“, соопшти алжирската авиокомпанија.

Летот полетал во 00:45 по локално време, а требало да слета во Алжир во 5:40 часот.

Според досегашните податоците, на линијаѕа Уагадугу-Алжир летаат два типа на авиони од флотата на „Ер Алжир“- Боинг 737 и Ербас А320.

Француските медиуми пак јавуваат дека станува збор за чартер лет на една шпанска компаија и споменуваат дека во прашање е изнајмен DC9.

Согласно јавно познатите информации, алжирската авиомпанија во својата флота има Боинг 737-600 со 101 патник и Ербас А330-200 со место за 232 патници. Во DC9 има место за 80-135 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.