Исчезна американски воен авион

Товарен  авион на американската војска од типот „Боинг“ KC – 135R стратотанкер исчезна од радарот над Ламанш, откако неколку минути по полноќ полета од Амиен во северна Франција, пренесува српски „Курир“.

Авионот последен пат бил забележан на радарот помеѓу Довер и Кале, а тоа било околу 15 минути по полетувањето. Базата за дополнување на гориво во воздух е во Милденхол во Сафолк, во источна Англија.

Војската на САД засега нема објавено ништо за исчезнувањето на овој авион, додека од Министерството за одбрана соопштуваат дека немаат никаква информација за исчезнувањето на авионот. Ваквите авиони носат речиси 120 илјади литри гориво и обично се користат за снабдување на млазните авиони за време на летот.