Исчезна бранителот Предраг Петрушевски – Бинго

Предраг Петрушевски – Бинго, претседател на Здружението на бранители на Куманово утринава е пријавен за исчезнат, пишува порталот Инфомакс, повикувајќи се на иформација од неговите роднини.

Тој бил недостапен за неговите најблиски на неговиот мобилен телефон, по што бил пријавен за исчезнат во полиција.

-Се замолуваат сите оние кои ќе го видат лично него или неговиот автомобил да пријават во најблиската полициска станица, прнесува Инфомакс.

Предраг Петрушевски Бинго е истакнат активист и претседател на Здруението на бранители од 2001 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.