Исчезна девојка од Скопје

Дваесет и едногодишната С.А. од Скопје вчера била пријавена за исчезната.

Нејзиниот сопруг, триесет и двегодишниот Б.А. вчера во полициската станица во Кисела Вода пријавил дека пред три дена исчезнала неговата сопруга.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.