Исчезна малолетничка од Битола

Во текот на вчерашниот ден во 17.00 часот во полициската станица Чаир, социјален работник од ЈУЗДВСП- Скопје пријавила дека на 18.03.2015 година околу 18.00 часот од установата во непознат правец се оддалечила нивната 12-годишна штитеничка од Битола.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.