Исчезна малолетничка од гостиварско

Четириесет и тригодишниот Е.Л. од гостиварското село Старо Чајле вчера во полициска станица пријавил дека завчера исчезнала неговата малолетна ќерка, Ф.Е. (17).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.