Исчезна маж од Тетово

Триесет и тригодишниот Б.П. од Тетово вчера бил пријавен како исчезнат.

Неговиот татко, шеесет и двегодишниот З.П. со постојано живеалиште во Скопје, а кој привремено живее во Тетово пријавил дека  истиот ден околу 06,30 часот од дома кон работа се упатил  неговиот син, но истиот не се појавил на работа.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.