Исчезна маж во Аеродром , а жена во Ѓорче

Синоќа во полициската станица во Аеродром,  Е.К.(70) од Скопје, пријави исчезнато лице.

Таа пријавила дека истиот ден од дома во непознат правец се одалечил нејзиниот сопруг Т.К.(73).

Истовремено, во полициската станица во Ѓорче Петров, С.С.(58) од Скопје,  пријавил дека истиот ден  во непознат правец се оддалечила Л.П.(84).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.